ТИМ И ИГРАЧ НА 18. КОЛО: Мазари си поигруваше со Пелистер

342

Атдхе Мазари полека, но сигурно станува најдобриот играч на Работнички, и не само поради головите, а оваа есен и тоа како ги имаше. Кога треба да се “отвори“ противникот, кога треба тој еден потег за решавање на мечот тука е Атдхе, кој тоа на најдобар начин го покажа вчера на мечот против Пелистер. Два гола, одличен настап и затоа според „СпортСпорт“ офанзивецот на Работнички повторно е играч на колото, сега на ова 18.коло или последно есенско. Работнички го победи Пелистер со 3:0, а стрелец беше и Регба.

Покрај овие двајца во тимот на колото се и Василев и Мбенде (Гостивар), Мојсов, Манасиевски и Стојкоски (Тиквеш), Ефтимов (Силекс), Малески и Ристевски (Струга ТЛ), Диене (Шкупи).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АТДХЕ МАЗАРИ

Тим: Работнички

Роден: 02.06.2001 во Струга

Кариера: Шкендија, Струга ТЛ, Охрид, Победа, Работнички

ПретходноФлик „урлал“ во соблекувалната по ремито со Бетис: Не давате 100% од себе!
СледноНајлудиот кош на Јокиќ во кариерата (ВИДЕО)