Е. Пелистер во хумана мисија: Плишани мечиња на терен!

128

Ракометарите на Е. Пелистер и Вардар 1961 ќе се соочат во сабота во 18 часот во натпревар од македонската Суперлига.

По тој повод раководството на Е. Пелистер ги повика навивачите на полувремето од натпреварот на теренот да фрлаат плишани играчки кои ќе бидат наменети за деца од ранливи категории. Во официјалното соопштение раководството на Пелистер потенцираше дека со овој потег тие сакаат да ги прикажат вистинските животни вредности, преку спортот.

Картите за натпреварот меѓу двата ракометни гиганти се распродадоа за само 7 минути.

ПретходноФИФА потврди: СП 2030 на три континенти, СП 2034 во С. Арабија!
СледноНаковски Волеј за плеј-офот посилен за репрезентативката Ковачевиќ