Последните секунди од натпреварот меѓу Њујорк и Атланта го одбележа Треј Јанг кој клекна на централниот терен, ја ослободи топката од рацете и имитираше фрлање на коцка. На сите во салата им беше јасно дека ја слави победата (108:100) која ги води Атланта Хокс во Лас Вегас за финалето на НБА Купот.
„Одиме во Вегас. Морав да го сторам тоа“, рече тој по натпреварот во кој го предводеше својот тим со 22, пет скока и 11 асистенции за да слави и обезбеди меч против Милвоки Бакс во светскиот центар на коцкање индустрија.
Тие две екипи ќе се борат за финалето на НБА купот од истокот на НБА лигата, додека Западот во полуфиналето ќе го претставуваат Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер.
Visited 1 times, 1 visit(s) today