Кајли Вокер, како и сите во неговиот Манчестер Сити игра далеку под својата форма. Пред некое време Вокер важеше за еден од најдобрите десни бекови во Премиер-лигата, па и во Европа. Но сега тоа е минато. Неговиот Сити игра очајно, а тоа фановите на Сити никако не можат да им го простат, посебно на Вокер кој се најде на удар од нивна страна.
Јасно е дека треба критика, ама не и навреда.
Па така по поразот од Јуве вчера во меч од ЛШ, на социјалните мрежи искочи фотографија од Вокер како е облечен како исламски терорист.
По ова тој јавно се пожали дека тоа е неприфатливо и посочи дека тој е жртва на напади и расистички навреди на социјалните мрежи.