ТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Регба е најдобар меѓу најдобрите

682

Откако мина речиси една недела од завршување на есенската полусезона, доволен период да „слегнат“ малку емоциите што се вели, по традиција “СпортСпорт“ го објавува и “својот“ тим на полусезоната. Некој ќе рече премногу странци, дури седуммина, но ние не ги правиме составите на клубовите, не купуваме играчи, само ги одбираме тие што во изминатите 18 кола во есенскиот дел од сезоната 2024/25 покажаа најмногу.

А според нас најмногу покажа Али Регба од Работнички. Алжирецот со Ирски пасош според „СпортСпорт“ е играч есенскиот дел. Беше “моторот“ на фантастичниот Работнички и на 16 средби, на кои настапи, постигна 7 голови и забележа 5 асистенции.

Во тимот на полусезоната голман е Љупче Џеков од Силекс. Младиот чувар на мрежата на 18 меча прими само 8 голови и имаше дури 11 “чисти мрежи“, еден од најзаслужните ако не најзаслужен за есенската круна на кратовци.

Покрај Регба и Џеков, во тимот на полусезоната се и Шуберт (Силекс), Рашид и Мазари (Работнички), Мбенде и Ајдоган (Гостивар), Ф. Рамадани и Ибраими (Шкендија) како и првите стрелци во есенскиот дел со по 9 голови Кехинде (Струга ТЛ) и Ивковиќ (Брера).

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА

АЛИ РЕГБА

Тим: Работнички

Роден: 14.01.2000

Кариера: Бохс У-19 (Ирска), Бохемианс (Ирска), Лестер У-21 (Англија), Работнички

ПретходноТрент: Сите досегашни договори ги потпишав тајно, така ќе биде и сега
СледноОдермат победник на велеслаломот во Вал д’Изер