Вон на 40 години се враќа во Светскиот куп, ќе вози во Ст. Мориц

43

Американката Линдзи Вон ќе се врати на Светскиот куп во алпско скијање кон крајот на следната недела, кога ќе се одржат две трки во супервелеслалом во швајцарското одморалиште Сент Мориц. Веста на Инстаграм ја објави компанијата Ред Бул, која е спонзор на поранешната олимписка шампионка во спуст.

Вон (40) не се натпреваруваше на ова ниво повеќе од пет години, но пред неколку недели официјализираше дека се надева дека ќе се врати на патеките што е можно поскоро, со идеја да се натпреварува на ЗОИ во Милано и Кортина во 2026 година.

„Моето тело конечно не се распаѓа и слушам дека Сент Мориц е прилично убав во овој период од годината. Една работа што сфатив е дека животот е навистина краток. Кога ќе добиеш шанса, треба да ја искористиш“, изјавила Вон.

ПретходноФудбалер падна во несвест на меч од украинското првенство
СледноЗаниоло и Карнески ја оставија Аталанта на врвот во Серија А (ВИДЕО)