Пелистер и Кожув се враќаат со нови победи од гостувањата во Скопје

56
Фото: АБА2-лига

Гостински победи за Кожув и Пелистер на првите два денешни меча од 10. коло во Првата Мтел лига на Македонија. На гости во Скопје преотив екипата на Шкупи, Кожув оствари троумф од 68:81, додека екипата на Пелистер со доминантна партија во вториот дел на крајот го „потпопи“ Вардар со 59:90.

Кожув на мечот со Шкупи имаше константна предност и во двете полувремиња, но клична за победата беше втората четвртина во која гостите имаа плус 11 и до крајот успеаја да ја задржат високата позитива за да ја остварат и шестата победа оваа сезона.

Пилепиќ со 26 поени ги предводеше гевгеличани до новата победа, додека кај Шкупи најефикасен беше Златевски со 14 поени.

Битолчани, пак, на гостувањето во Скопје одиграа просечно прво полувреме со Вардар во кое имаа предност од 9 поени. Сепак, формата на домашните значително падна во вториот дел во кој Пелистер се прошета до победата.

Ташовски со 19 и Бојиќ со 16 поени беа лидери во составот на „зелено-белите“, додека кај екипата на Вардар се издвои Бајрам со 17 поени.

ПретходноФонсека го обвини за незалагање, па утре ќе ја грее клупата
СледноФудбалер падна во несвест на меч од украинското првенство