Битолчани имаат големо срце: Теренот преплавен со плишани играчки за дечињата од ранливите категории

270

Пелистер пред почетокот на дерби дуелот против Вардар 1961 во рамките на 15-то коло во Супер-лигата ги повика своите навивачи да понесат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.

И овој пат битолчани покажаа дека имаат големо срце, теренот во салата „Боро Чурлевски“ беше преплавен со мечиња. Со оваа порака битолчани како што најавија сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

ПретходноПолувреме во Битола: Пелистер го гази Вардар
СледноМЗТ Скопје убедлив против Феникс, ТФТ се намачи убаво против Тиквеш