ГРК Тиквеш пропушти победа против ГРК Охрид

112

Вториот дерби дуел во рамките на 15-то коло во Супер-лигата заврши без победник. ГРК Тиквеш успеа да му земе бод на фаворитот ГРК Охрид, мечот заврши 26-26.

Иако кавадарчани во претходното коло го победија Бутел Скопје, сепак се најдоа на шестото место на табелата поради полошата гол разлика, петтата позиција му припаѓа на тимот на Горан Кузмановски.

Охриѓани на одморот имаа позитива од два гола (13-15), но на крајот спасуваа глава. Имаа два гола негатива (26-24), Цирар успеа со два гола да донесе реми. Токму тој со десет гола беше прв стрелец, на другата страна Обина имаше седум погодоци.

Охрид по ова коло останува на четвртото место на табелата, има 23 бода, седум повеќе од Бутел Скопје и ГРК Тиквеш.

На останатите средби Бутел Скопје славеше убедлива победа против Радовиш од 36-21, Бисинов и Пролет исто одиграа без победник (25-25) што пак е изненадување, додека Струга на домашен терен го победи Куманово со 29-23.

Пред почетокот на последното коло пред паузата, Алкалоид е лидер со 28 бода, зад него се Пелистер и Вардар со по 26 бода.

ПретходноВардар 1961 доцна се разбуди, Пелистер му се одмазди!
СледноНаполи со гостински триумф кај Удинезе