Бобан Бабунски е нов тренер на Беса

275

Како што ексклузивно уште пред неколку дена објави Спортспорт, Бобан Бабунски е нов тренер на тимот на Беса Добри Дол.

Прволигашот на паузата од тековниот ПМФЛ шампионат, реши да направи промени на тренерското место, откако резултатите сезонава не беа според очекувањата но и амбициите на новиот прволигаш.

За Бабунски не треба премногу да се трошат зборови, се работи за искусен тренер кој своевремено ги водеше и Вардар и Работнички, а беше и селекторот на репрезентацијата до 21. година. Последно беше дел од тимот на Шкупи.

Сега ќе има задача да ги среди нештата во таборот на Беса, да направи тим за напролет по свој терк и да обезбеди нова ПМФЛ сезона и следната година.

ПретходноПеп VS Аморим: Сити и Јунајтед во битка за Манчестер! (ФОТО)
СледноСелекторот на Сан Марино се “прослави“: Најлесна група, штета што не добивме посилни противници!