Екипата на Лече со триумф од 2:1 на домашен терен против Монца ја отвори денешната програма во Серија А. Домаќинот на овој меч рано дојде во водство преку голот на Тете Моренте во третата минута, а десет минути подоцна Крстовиќ промаши пенал.
Доргу ја влоши домашната ситуација со автоголот во 37. минута, со кој Монца изедначи на 1:1, но Крстовиќ ја поправи својата грешка и во 44. минута погоди за ново водство на домаќинот.
Во вториот дел Лече имаше уште неколку ситуации за да го зголеми водството но истите не ги искористи.
Со овие три бода Лече се најде на тринаесеттата позиција со 16. бода, додека пак Монца ќе има тешка опстанок задача затоа што досега има собрано само десет поени и е претпоследна.