Турскиот бизнисмен Јуксел Јилдирим ќе биде нов сопственик на ФК Тиквеш од Кавадарци. Веста се прошири деновиве во спортските кругови, а финализација се очекува да има до крајот на идната недела.
Јилдирим е сопственик на турската компанија „Јилдирим Холдинг“ има инвестиции во различни сектори како што се бизнис со хром, јаглен, бродски транспорт, но активен е и во спортот, дури и како спортски менаџер.
Заедно со него во Кавадарци ќе пристигне и Октај Дервиоглу, кој пред две години беше тренер на екипата на Гостивар.