Останува во ЛА: Каваи потпиша нов 4-годишен договор со Клиперс

117

Каваи Ленард, сепак, ќе остане таму каде што и беше. Тој потпиша нов „максимален договор“ со ЛА Клиперс со што и во наредните 4 години ќе биде дел од составот со кој не успеа во два наврати да дојде до завршницата на НБА лигата.

Ленард ја одби опцијата да го продолжи договорот со Клиперс за 36 милиони долари минатата недела. Како резултат на тоа, тој беше слободен играч, но неговата одлука главно беше мотивирана од фактот дека сака уште подобар договор.

Тој сега потпиша максимален четиригодишен договор со ЛА Клиперс, вреден 35 проценти од вкупниот дозволен платен список. На овој начин, тој ќе заработува 3 милиони долари повеќе отколку кога би ја избрал опцијата во неговиот првичен договор.

Минатиот месец Каваи беше опериран на коленото, поради што најверојатно ќе пропушти добар дел од новата сезона.

ПретходноВаран стави потпис на договор со Манчестер Ј. на 4+1 година
СледноПознати комплетните плеј-оф двојки во УЕФА Конференциската лига