Рубен Аморим му покажа на Маркус Рашфорд дека повеќе не смета сериозно на него бидејќи воопшто не беше во составот на градското дерби меѓу Сити и Јунајтед. Веќе се шпекулира дека Рашфорд сака да го напушти „Олд Трафорд“, но опциите што ги има за јануарскиот преоден рок се многу полоши отколку што се надеваше.
Аморим одлучи дека нема да смета на Рашфорд во градското дерби и изјави дека во составот имало само играчи кои покажале голема желба и мотивација на тренинзите, што очигледно не било случај со Рашфорд.
Имаше шпекулации Рашфорд сака да го напушти Манчестер Јунајтед веќе во јануари бидејќи на сите им стана јасно дека Англичанецот не е задоволен од својот статус во овој клуб.
Двата тима кои наводно беа заинтересирани за неговите услуги беа ПСЖ и Барселона.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека тоа воопшто не е точно. ПСЖ демантираше дека сакал да го доведе Рашфорд во јануари, додека Барселона никогаш не покажала желба да го доведе англискиот напаѓач во своите редови.
Медиумите на островот пишуваат дека изборот на Рашфорд за јануари воопшто не е каков што се надевал. Тој има само две опции кои претходно не сакаше ни да ги разгледа, но очигледно нема избор. Првиот е да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата на друго место, но единствениот проблем е што има понуди од Саудиска Арабија.
Рашфорд во оваа фаза од кариерата не сака да оди во С.Арабија, поради што најверојатно ќе избере друга опција. Тоа значи останување во Манчестер Јунајтед и борба за место во овој тим.
Англиските медиуми пренесуваат дека се чини јасно дека Рашфорд нема да го напушти Јунајтед оваа зима и дека е подготвен да му докаже на Аморим дека заслужува место во составот на „црвените ѓаволи“.
Во досегашниот дел од сезоната Рашфорд одигра 24 натпревари за Манчестер Јунајтед каде постигна седум гола и додаде уште три асистенции.