Дибала пред неочкуван трансфер!

381

Еден од играчите чиј договор истекува на лето е Пауло Дибала, кој од 30 јуни ќе биде слободен играч доколку во меѓувреме не потпише продолжување на соработката со Рома.

Тој во редовите на римската „волчица“ пристигна во летото 2022 година како слободен играч откако го напушти Торино по седум години играње за Јувентус.

Тој претходно играше за Палермо и за неговиот роден Институто ACC во Аргентина, а сега може да игра во својата трета земја во кариерата.

Пред неколку месеци се споменуваше дека Фенербахче е заинтересиран за неговите услуги, но сега пристигнуваат спротивните информации. Како што сега стојат работите, Пауло Дибала е најблиску до најголемиот ривал на Фенербахче, Галатасарај.

Агентот на Пауло Дибала, Карлос Новел, дојде во Истанбул за да се сретне со претставниците на Галата пред потенцијалниот трансфер. Дали навистина ќе се оствари останува да видиме.

31-годишниот фудбалер забележа 40 настапи за аргентинската репрезентација и постигна четири гола.

ПретходноГрег Попович се огласи за првпат по мозочниот удар, се уште не познато кога може да се врати
СледноДетали за самоубиството: Последната објава на Летонецот е посветена на неговата поранешна сопруга