И дефинитивно во Милан владее голема нервоза. Тимот и неговите резултати не се на тоа потребно ниво ако се знае овој клуб е вистински гигант во светски рамки.
И кога е така, а така е, тогаш прв на ударот е тренерот Пауло Фонсека. Од клубот нема никакви информации за негова смена, но затоа “инсајдерите“ а посебно фановите и медиуимите веќе “брујат“ за негов евентуален наследник.
А според медиумите во Италија главен кандидат е Роберто Манчини кој по враќањето од Саудиска Арабија се поврзуваше со Рома, но сега прв пик е за клупата на Милан, се разбира ако Фонсека си оди.
Втор кандидат е Маурицио Сари а трет Масимо Алегри кој веќе бил тренер на “росонерите“.
Останува да се види како ќе се одвиваат натаму работите.