Вечерва се играат повеќе мечеви од 16 коло во Евролигата. Во Атина на својот паркет, Панатинаикос одигра како ретко кога оваа сезона, и покажа зошто е шампион во најсилната кошаркарска лига во Европа.
Цехот го плати тимот на Милано, за кој настапи и нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ.
Пао славеше со 103:74, ова беше и то како убедлива победа.
Нено одигра нешто повеќе од 18 минути а забележа 15 поени.
Фантастичен беше Кендрик Нан кај победничкиот состав со 39 поени. Во првата четвртина имаше 21 поени и реализирано 7 тројки од осум обиди.
Монако го победи Баерн со 93:74, а Макаби како домаќин беше поразен од Басконија со 85:95.