Собранието „пропадна“: Антиќ останува претседател, „иницијаторите“ ќе мора законски да делуваат!

487

Маратонското Годишно Собрание при КФСМ конечно заврши после пет часа. Седницата е одложнеа, а „иницијаторите“ за смена на раководството на кошаркарската федерација имаат за задача да достават материјалите за промена на точките на дневен ред, а меѓу нив беше разрешување на претседателот Перо Антиќ. Според деловникот за работа на Собранието, денеска правно не е можно смена на првиот човек на федерацијата. Нешто што се повторуваше, а „иницијаторите“ го оспоруваа.

Доколку имаат да изгласаат ново раководство треба да биде според статутот и деловникот за работа.

„Со оглед на тоа дека не го усвојувате нашиот дневен ред на Седницата, точката која ја барате за разрешување на претседателот не е според правилата и деловникот за работа“, рече адвокатскиот тим на КФСМ.

Антиќ ги повика иницијаторите на збор и предлог, но сите одлучија да молчат. По новата пауза, Собранието заврши и ништо не се смени. Истото значи дека е неуспешно, но и дека нема промени на врвот во федерацијата.

ПретходноСевиља и Бетис почнаа институционална војна и ги прекинаа сите односи
СледноКунде е рекордерот за 2024 година