Вардар не се шегува. По Михал Пинтер, од денеска ново име во таборот на нашиот најтрофеен клуб е и Ѓорѓије Јанкулов (23), досегашен член на Брера.
Станува збор офанзивен десен бек, кој е дете на Црвена Звезда и со македонски пасош. Инаку Јанкулов во изминатите две години колку што беше во Брера и тоа како се покажа, како еден од најдобрите играчи на ртаа позиција во ПМФЛ.
Договорот за Вардар е на 18 месеци. Ова е уште еден доказ дека раководството на Вардар во овој зимски преоден рок и тоа како има намера да ги засили своите редови ако се знае дека напролет тимот го очекува големи предизвици.