Кошаркарот на Филаделфија Андре Драмонд, го спасил својот син од давање во базенот, а снимката од надзорната камера ја споделил на „Твитер“.
Малиот Деон, син на поранешниот играч на Детроит, Кливлент и Лејкерс, седел на ивицата од базенот, кога одеднаш паднал во вода. Штом видел што се случува, кошаркарот облечен скокнал во базен.
„Не носат сите херои капи. Најголем кошмар за секој родител“, напишал Драмонд.
NOT ALL HEROS WEAR CAPES 🤦🏽♂️🤦🏽♂️
A parents worst nightmare….. Feat my son & I 😂😂No one was harmed in this video pic.twitter.com/POumiU9HGk
— Andre Drummond (@AndreDrummond) August 12, 2021