Валенсија и Столе се спасија од пораз против Алавес

152

Ги чека тимот на Валенсија, на чело со нашиот репрезенаттивен голман Столе Димитриевски сезонава тешка битка за опстанок. Истата од пред малку е поткрепена со бодот освоен на домашен терен против тимот на Алавес со конечни 2:2.

Иако домаќинот имаше императив на победа сепак, на крајот треба да е пресреќен и со овој еден освоен бод.

Гостите преку Мартин поведоа уште во седмата минута, за да  Риоја од пенал израмни во 70 минута. Следуваше уште еден удар од белата точка, но овојпат од спротивната страна кога прецизен за Алавес беше Јордан.

Сепак,  домаќините од уште еден пораз сезонава ги спаси Гомес кој изрмани во осмото продолжение од натпреварот.

Валенсија сега има дванаесет бодови на своето конто и не е веќе последна, додека пак Алавес е во нешто подобра состојба и има 17 поени.

 

ПретходноОдермат со нов триумф, овојпат во велеслалом
СледноКлаудија Шифер се појави на натпревар во Англија