Ракометната Федерација на Македонија ќе добие нов предводник на 1 март, откако Управниот Одбор денеска го изгласа терминот за одржување на редовното Изборн Собрание на почетокот од новата календарска година.
Се уште актуелниот прв човек на РФМ, Живко Мукаетов најави повлекување од функцијата по истекот на третиот мандат.
„Уште еднаш сакам да потенцирам дека јас нема да бидам кандидат за претседател на ова собрание“, истакна Мукаетов на денешната седница на Управниот Одбор.
Александар Стефанов, кој е прв човек на РК Бутел и во последните години е дел од УО на РФМ, на состанокот на Управниот Одбор јавно ја потврди својата кандидатура за оваа одговорна функција.
„Иако сум млад по години, сметам дека со искуството и во ракометот стекнато и во РК Бутел и од Управниот Одбор, верувам дека со напорна работа и со соработка со луѓето околу мене ќе дадам придонес за уште поголем напредок во нашиот спорт. Сега сакам акцент да биде на настапот на репрезентација на СП, а потоа ќе откријам повеќе детали за кандидатурата и моите планови“, изјави Стефанов пред членовите на УО.