Берат Луш дебитираше за Галатасарај, чекаме да дебитира за Македонија

1473

Новото раководство на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со новиот претседател Масар Омерагиќ уште во старт јавно ја искажа својата подготвеност напорно да работи во подобрувањето на резултатите на младинските репрезентации. Тоа е приоритет како што и самите водечки луѓе на федерацијата, а Спортспорт како и секогаш е тука за доброто на мак фудбалот.

Па така, во насока на што посилни младински селекции, засилувањата од дијаспората секогаш се добредојдени. Овојпат Спортспорт ви го претставува Берат Луш, 17. годишниот офанзивец на Галатасарај, Берат Луш, кој што вчера го имаше своето сениорско деби за тимот во триумфот над Каисери.

Луш влезе во последните минути, доволни за да го почувстува првотимскиот статус и момент кој ќе го помни цел живот.

Потекло од Скопје односно Гостивар

Каде Луш влегува во нашата приказна? Се работи за момче кое што има потекло по своите родители од Скопје, односно Гостивар. Беше дел од тренинг кампот одржан во Кичево, минатото лето, и според информациите на Спортспорт, тој има желба да настапува за Македонија. Но нашата федерација и надлежните треба да поитаат затоа што тој веќе има настапи за Турција, а нема македонски пасош, кој што треба да му биде издаден.

Настапи за Турција  У17 односно У18 

Луш официјално има настапи за репрезентацијата на Турција до 17 односно до 18 години, но на пријателски мечеви, што се секако уште еден плус. Доколку имаше настапи на официјални, квалификациски мечеви ќе требаше да го менува и спортскито пасош.

Честитки и поддршка од Осимен и другарите

Тимот на Галатасарај е полн со мега звезди, но тие се само обични луѓе кои знаат да покажат и тоа како добро, емоција во востински момент. Луш во текот на вчерашниот меч, доживеал смрт во семејството, а потоа преку социјалните мрежи, неговите соиграчи му дадоа поддршка.

 

ПретходноЃорги Христов е нов технички директор
СледноАлександар Чеферин: Масар ти честитам на изборот за претседател на ФФМ