И официјално е познато кога се игра, односно познати се термините на одигрување на завршницата од Купот “Благоја Георгиевски – Буштир 2025“ во машка и женска конкуренција. Како што објавија денеска од КФСМ, ќе се игра од 13 до 15 февруари следната година.
Познато е дека во машка конкуренција се игра прво четвртфиналето, а во женска конкуренција веднаш се игра полуфиналето.
Домаќинот на овој Куп дополнително ќе биде одреден и тоа по пат на лицитација, како што беше и досега.
Инаку четврттфиналните двојки во машка конкуренција се:
ТФТ – Гостивар, Пелистер – Чаир, МЗТ Скопје – Работнички и МКК Куманово – Кожув.