МЗТ Скопје без проблем дојде до победа против Шкупи, во последниот меч за оваа година славеше со убедливи 90-54. Актуелниот македонски првак овој дуел го реши во првата четвртина која ја доби со 21-9, додека потврда за истата дојде во третиот период во кој беше подобар со 29-9.
Маслинко постигна 16 поени, зад него беше Миловановиќ со 14 поени. На другата страна Вилијамс имаше 15 поени.
До убедлива победа дојде и Куманово, кој на домашен терен беше подобар од ТФТ со 78-59. Избраниците на Марин Докузовски му го нанесоа третиот пораз на скопјани и ги втурнаа во криза. Кумановци беа на ниво на задачата во текот на сите 60 минути.
Луковиќ и овој пат беше лидер со 25 поени и 19 скока, зад него беше Радукиќ со 19 поени, на другата страна Гафнеј имаше 13 пое