Футсал репрезентацијата на Македонија падна на 26. место на УЕФА листата

163

Машката футсал репрезентација на Македонија направи пад на 26. место на најновата УЕФА ранглиста објавена деновиве. По завршувањето на првите два квалификациски меча за пласман на ЕП, Македонија претрпе пораз од Холандија и одигра нерешено со Андора, што беше доволно на ранглистата да не претекне селекцијата на Германија.

На врвот на УЕФА ранглистата на најдорви футсал селекции се наоѓа Португалија, пред Казахстан и Шпанија. Холандија која беше наш прв ривал во квалификациите остана на 9. место, додека Андора направи скок на 39. позиција.

ПретходноДе ла Фуенте е најдобриот селектор за 2024 година
СледноНиколо Шира: Салах потпишува нов договор со Ливерпул!