На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, досегашниот потпретседател Лазар Ракиџиев се повлече од УО на ФФМ.
Како што и беше најавено, сите селектори на нашите младински репрезентации беа разрешени, вклучувајќи го и Драги Канатларовски кој ја водеше младинската репрезентација до 21 година. На негово место е назначен актуелниот тренер на Работнички, Горан Станиќ.
Александар Ставрев кој годинава ја заврши својата судиска кариера е назначен за нов претседател на судиска комисија на местото од Димитар Мечкаровски. Јосип Бартон е претседател на комисија за делегирање во која се Џенан Хајдари и Злате Илиевски од Битола.
УО одлучи да ја тргне и суспензијата за ОФС Струмица. Како што најави новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, продолжуваат промените и најавите за комплетна чистка во ФФМ.