На денешната седница на Управниот одбор беше најавено дека Фудбалската федерација на Македонија нема да го верификува најавеното Собрание на ОФС Охрид на кое нема да испрати свој претставник. Поради непочитување на статутот, ОФС Охрид ќе мора да закаже ново Собрание на кое ФФМ ќе има свој претставник.
Исто така, тригодишната суспензија која ја имаше ОФС Струмица, е прекината по две години, што значи дека ОФС СТрумица ќе може да испрати свој делегат на идното собрание на ФФМ.