Ембид повторно е казнет, овој пат со 75 илјади долари

130

Најголемата ѕвезда на Филаделфија 76ерс и МВП на НБА во 2022 година, Камерунецот Џоел Ембид, е казнет со 75.000 долари поради несоодветни гестови кон публиката во Бостон за време на Божиќниот натпревар против Селтикс. Сиксерс победија, а по тројката Ембид подигна три прста на десната рака и потоа гестикулираше кон домашните навивачи.

Ова не му е прва казна сезонава. Тој веќе беше суспендиран на три натпревари претходно во сезоната, откако турна новинар во соблекувалната по натпревар.

Поранешниот МВП на лигата оваа сезона бележи помали просеци од 21,3 поени, 7,0 скока и 3,9 асистенции по натпревар. Поради суспензија и проблеми со повреди, оваа сезона одигра само девет натпревари.

ПретходноБрињоне најбрза на велеслаломот во Семеринг
СледноБукајо Сака е опериран и паузира два месеци