Прв Јужнокореец во Фенербахче – прекар му е „ѕверот“!

160

Фенербахче за засили со фудбалер од Јужна Кореја, а станува збор за централниот бек Ким Мин Џе и доаѓа од редовите на Пекинг Гуан. Сумата која „канаринците“ ќе ја платат за него изнесува 3 милиони евра. Тој потпиша договор до 2025 година.

Ким е првиот Јужнокореец кој ќе игра за Фенербахче, а само четврти во историјата на турската Суперлига. Ким е поранешен фудбалер на Чонбук, а прекарот му е „ѕвер“. Има 32 настапи за Јужна Кореја.

Тој е шестиот нов играч на Фенербахче ова лето. Пред него во Фенер дојдоа Сердар Дурсун од Дармштад, Стивен Колкер од Аланија, Џагтај Курукалип од Касимпаша, Бурак Капаџак од Бурса и Мбвана Самата од Астон Вила.

 

ПретходноШкупи “избега“ од ФФМ, дуелот со “лавовите“ ќе се игра во Маџари!
СледноДарко Додев: Брегалница на Автокоманда може до позитивен резултат!