УЕФА со 6 милијарди евра ќе ги спасува клубовите!

434

УЕФА има намера и тоа како да ги спасува клубовите кои беа погодени или поточно страдаат, од актуелната ситуција во која дојдоа поради корона кризата. Имено познато е дека и најголемите клубови, гигантите во фудбалска Европа финансиски се погодени, па затоа Европската куќа на фудбалот изготви план за наредниот период. Предвидени се дури 6 милијарди евра за поддршка. Инаку загубите се поради празните стадиони, парите од ТВ правата драматично се намалени, па така и најголемите клубови имаат загуби од стотина милиона евра.

Според идејата на првите луѓе на УЕФА, оваа помош од 6 милијарди евра, покрај другото, би се состоела од тоа што клубовите би имале можност да дојдат до средства со минимални камати. Потоа долговите ќе можат да ги реконструираат за период од 5 до 7 години.

УЕФА за оваа помош ќе се потпре на една инвестициска компанија од Лондон со која соработува подолг период.

ПретходноВаленсија со гол од пенал до победа на стартот на Ла Лига 🎥
СледноСмртни закани за менаџерот кој го продаде Лукаку во Челзи!