Смртни закани за менаџерот кој го продаде Лукаку во Челзи!

1303

Ромелу Лукаку после седум години се врати во Челзи. Неговиот трансфер од Интер во редовите на европскиот првак чинеше неверојатни 115 милиони евра, а за тоа е заслужен неговиот менаџер Федерико Пасторело, кој и тоа како си имал проблеми во овој период.

Па така Пасторело синоќа испрати драматично соопштение до медиумите.

Во него се наведува дека добивал смртни закани до него лилчно, но и до неговите ќерки.

Многумина од тие што сега ме навредуваат и ми се закануваат и тоа како ми се заблагодаруваа кога го донесов Ромелу во Интер во 2019 година, а сега ми се закануваат. Навистина не можам да сфатам како тоа некои луѓе ми се закануваат дури и со смрт, и моите ќерки добиваа смртни закани. Сето ова не е во границите на пристојноста и цивилизираноста“ се вели, покрај другото, во соопштението на Пасторело.

ПретходноУЕФА со 6 милијарди евра ќе ги спасува клубовите!
СледноКаква “бомба“: Реал Мадрид се сели во Премиерлигата!!!