Еден од најдобрите фудбалери во ПСЖ, Анхел Ди Марија деновиве во едно интервју, покрај другото говореше и за трансферот на Лео Меси меѓу “светците“, што тој мисли за тоа, но и за Кристијано Роналдо.
Интересно е тоа што Аргентинецот играше со Роналдо во Реал Мадрид, а сега ќе игра со Меси во ПСЖ. Секако дека тој со Лео игра заедно и во репрезентацијата на Аргентина.
“Ова е голема, голема, голема работа за ПСЖ. Мене ми е многу лесно да играм со Меси. Неговата топка, каде и да бидете, секогаш е точна, доаѓа во твоите нозе. Нема грешка. Имам фантастичен однос со него. Сум играл со големи играчи, Роналдо, Руни, Бејл, Нејмар, Мбапе, Ибрахимовиќ, сепак Меси е од друга планета. Овде во ПСЖ се прави голем тим. Сега сите сакаат да бидат во него. Секако и Кристијано, тој веројатно сега сака да се “убие“ зошто не е со нас“ малку на шега истакна Ди Марија.