Легендарниот вардарец почна самостојна тренерска кариера!

1489

Иван Чупиќ (38), еден од најдобрите ракометари во историјата на Хрватска и некогашен член на Вардар од 2016 до 2021 од неговите златни денови кога беа освони двата пехари во ЛШ, започна самостојна тренерска кариера и тоа во тимот на РК Метковиќ.

Десното крило кое својата играчка кариера ја заврши со минатата сезона, до пред извесено време беше помошник во РК Загреб, но брзо си даде оставка.

Инаку некогашното десно крило на Вардар, кој беше еден од главните виновници за свата пехари на “црвено – црните“ во 2017 и 2019 во ЛШ, во Метковиќ покрај функцијата шеф на стручниот штаб ќе биде и главен координатор на младинците на овој клуб.

ПретходноОд денеска Англија има нов селектор!
СледноРашфорд: Овие денови беа напишани многу лаги!