Мукаетов: Мојата желба да останеме најмалку 12 дена во Хрватска!

377

Македонската Ракометна Федерација и Македонски Телеком денеска ја продолжија соработката. Новиот договор доаѓа пред стартот на Светското првенство на кое нашата ракометна репрезентација ќе ги одмери силите против Унгарија, Холандија и Гвинеја, а ќе игра во Вараждрин.

На прес-конференцијата беа пристутни главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, селекторот, Кирил Лазаров и капитенот Филип Кузмановски.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукетов не ги криеше своите желби за ова СП 2025 кое ќе биде последно во неговиот мандат. Од март 2025 година, РФМ ќе добие нов претседател. Секогаш бил покрај нашите национални селекции, неговата поддршка е безусловна, па така ќе биде и сега.

„Мило ми е што и оваа година ја почнуваме со подготвките за настап на големо првенство – Светското првенство кое брзо почнува. Благодарност до Телеком кој останува партнер на македонската федерација и македонската ракометна репрезентација. Ги повикуваме фановите да дојдат во Хрватска во што поголем број бидејќи верувам дека ќе имаме многу пријатени моменти“, рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој не ги криеше своите желби: 

„Да останеме најмалку 12 дена, тоа значи дека ќе треба да завериме пласман во главната рунда. Ако се прашувам јас лично, искрено посакувам најмалку три победи“, додаде тој. 

ПретходноФановите на Барселона побараа оставка на Лапорта за хаосот што го приреди!
СледноЛазаров пред СП: Секого ќе почитуваме, но нема да се плашиме од ниту еден ривал!