Фудбалерите на Милан остварија чудесен пресврт против екипата на Интер со 2:3 и го освоија Суперкупот на Италија кој вечерва се одигра во Ријад. Иако Серхио Консеисао застана на чело на Милан пред неколку дена, сепак искусниот португалски стратег им донесе трофеј на „росонерите“ во неговиот втор натпревар.
Во првиот дел немаше многу шанси и возбудувања, но Лаутаро Мартинез му донесе предност на Интер во 45-тата минута. Во вториот дел беше многу поинтерсно и двата тима дадоа се од себе да го освојат овој трофеј, но на крај трофејот му припадна на Милан. Најпрво Мехди Тареми го зголеми водството на Интер во 47-та минута, а само 5 минути подоцна Тео Ернандез го постигна првиот гол за „росонерите“. Кога се изгледаше дека Интер лесно ќе го зачува водството на сцена стапија Кристијан Пулишиќ и Тами Абрахам кои со головите во 80-тата и 93-тата минута му донеа Суперкуп трофеј на Милан.