Ракометарите „летнаа“ за Загреб, ќе играат пред полни трибини против Хрватска во Вараждин!

584

Македонската ракометна репрезентација рано наутро замина за Загреб. Во последната фаза од подготовките за Светското првенство, Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:15 часот) во Арената во Вараждин ќе одиграат пријателски натпревар против Хрватска (директен пренос на РТЛ2).

Според информациите кои доаѓаат од Хрватска, салата е распродадена, дуелот ќе се игра пред полни трибини.

Нашите ракометари ќе останат во една од земјите домаќини на Светското првенство, ќе тренираат во Прелог до 13-ти јануари, по што се селат во Сент Мартин каде ќе бидат сместени сите репрезентации од нашата група: Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Македонија првиот меч на СП го игра на 15-ти јануари против Унгарија во Арената во Вараждин.

ПретходноСпортСпорт дознава: Ријека го купува Јован Манев!
СледноРемек-дело: Леброн на 40 години го изведе забивањето на годината (ВИДЕО)