Јунајтед ќе загуби 75 милиони евра, доколку најде купувач за тоталното промашување

634

Антони не успеа да се наметне во Манчестер Јунајтед од неговиот трансфер од Ајакс од 95 милиони евра во 2022 година. Затоа, „црвените ѓаволи“ се обидуваат да најдат можност да се разделат со бразилското крило, кое има 1 гол на 12 натпревари од стартот на оваа сезона.

Кога Тен Хаг дојде во Јунајтед, го донесе Антони со себе и ја убеди управата да плати огромни 95 милиони евра за него. Тој не ги оправда очекувањата, а неговата цена падна драстично и тој сега вреди 20 милиони евра, исто колку што вредеше пред пет години играјќи за бразилски Сао Паоло.

Пред фудбалерот се појави интересна можност за преселба во грчкиот гигант Олимпијакос. Според информациите, Олимпијакос не е подготвен да го купи играчот, но го сака на позајмица. Останува согласност да даде тимот од „Олд трафорд“.

ПретходноВинисиус доби нов часовник кој вреди 500.000 евра! (ВИДЕО)
СледноИгра која ветува многу: Нашите ракометари по голема борба загубија од Хрватска