Екипата на Шкендија на својата официјална страница соопшти дека во пролетниот дел од сезоната нема да смета на услугите на играчот за врска Ваљон Ахмеди. Клубот и играчот решија да се разделат спогодебно.
„КФ Шкендија му се заблагодарува на Валон Ахмед за посветеноста додека ги претставуваше црвено-црните бои“, порачаа од таборот на Шкендија.
Играчот од средниот ред во Шкендија дојде на стартот на сезоната од тимот на Шахтјор Солигорск.