По Миле Тодоров, Работнички доби уште едно квалитетно засилување во овој зимски преоден рок. Имено Матеј Ангелов (20), капитенот на нашата млада репрезентација до 21.година, новата генерација, повторно ќе го носи дресот на Работнички.
На играчот за врска му истече позајмицата во Черкаси (Украина) и тој се враќа во клубот од Дебар Маало.
Јасно е дека тимот на Горан Станиќ, кој напролет ќе “брка“ најмалку излез во Европа, добива уште една квалитетна опција во средниот ред.