Како што дознаваме Тиквеш од денеска има ново име а тоа е Хрватот Филип Михаљевиќ (32), искусен напаѓач кој би требало да биде големо засилување во нападот на тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов.
Михаљевиќ утре би требало да се појави во Кавадарци и да започне со подготовките кои стартуваа денеска.
Инаки Филип Михаљевиќ е роден во Загреб, а покрај другите клубови, тој во својата кариера бил член и на Динамо Загреб, Локомотива, Широки, Видзев Лоџ, Славен Белупо, Локо Пловдив, последен клуб му бил ГОШК Габела.