Игра која ветува многу: Нашите ракометари по голема борба загубија од Хрватска

4385

Македонската ракометна репрезентација на пријателскиот меч против Хрватска запиша минимален пораз од 27-25 (13-14) во рамките на подготовките за настап на Светското првенство. Дуелот се одигра во Вараждин Арената каде Македонија ќе ги игра мечевите од групната фаза на Мундијалот.

Од она што го видовме на теренот против една селекција како што е Хрватска, можеме да очекуваме добри игри од нашите момци. На момент ко-домаќинот на Мундијалот ја имаше потребната поддршка од судиите на овој пријателски меч, па токму и таа беше клучна за крајниот исход.

За нашите ракометари останува да го задржат истиот карактер и да продолжат да чекорат по овој пат, имаат доволно време да ги поправат недостатоците. Во преден план беа голманите, Никола Митревски и Марко Кизиќ, двајцата беа на ниво на задачата кога беше најпотребно. 

Избраниците на Лазаров одиграа одлично прво полувреме кое го добија со 13-14. До 12-та минута се играше гол за го (5-5), по што домаќинот поведе со 7-5. Нашиот напад беше најголем проблем во следниот период, Лазаров се обиде со „седум нашест“, но противникот го искористи тоа да поведе со три гола. Беше 8-6, па 9-6. Искусниот голман, Никола Митревски со седмата одбрана успеа да го подигне тимот. По новата негатива од три гола 11-8, Македонија успеа да израмни на 11-11 (два гола постигна Атанасијевиќ, еден Џонов). Добар финиш на првото полувеме ни донесе водство од 13-14 на одморт.

Во вториот дел, Хрватска отвори со 3-1. Во 34-та минута поведе со 16-15, откако нашите ракометари претходно не искористија шанса да дојдат на плус два. По голот на Кузмановски и одбраната на Митревски (10 одбрана), Јагуриноски не реализираше од контранапад.

Следеше период на пад во нападот на Македонија. На голема среќа, нашите голмани беа одлични. Кизиќ спречи Хрватска да реализира три удари од седум метри, па негативата на стартот на 40-та минута остана еден гол (17-16). Лазаров повика тајм-аут, Митев успеа да изнуди исклучување во противничките редовите, а Пешевски израмни на 17-17. Играта на гол за гол продолжи.

По голот на Костески за 19-19, Хрватска одговори со два гола. Ова беше период во кој Македонија постојано имаше еден играч помалку на теренот, па затоа противникот дојде на 21-19 на средината на второто полувреме.

Костески реализираше за 21-20, но благодарение на Пешиќ, Хрватска поведе со плус три на стартот на 50-та минута (23-20). По голот на Митев з 23-21, не искористивме неколку шанси, што пак беше доволна причина за ново водство на домаќинот (24-21). Исто како во првиот дел, Македонија успеа да се издигне, преку Пешевски, Серафимов и Костески израмни на 24-24 во 57-та минута.

Нови две минути исклучувања за „црвено-жолтите“ во клучните моменти, нереализиран напад, Хрватска го искористи за водство од два гола (26-24) на минута и по до крајот. Во која Лазаров на теренот остана без уште еден играч на теренот поради исклучување, веќе немаше време за нешто повеќе.

Поразот не треба да загрижува, бидејќи Македонија покажа карактер, а Лазаров не ги отвори сите карти.

Македонија на СП ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја.

ПретходноЈунајтед ќе загуби 75 милиони евра, доколку најде купувач за тоталното промашување
СледноБарселона се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп