Јокиќ за здравствените проблеми: За малку ќе „умрев“ на теренот во првото полувреме!

522
Фото: Денвер Твитер

Никола Јокиќ во пресрет на православниот Божиќ се разболел и поради тоа пропуштил два натпревари на Денвер. Веднаш штом се врати на теренот забележа трипл-дабл во победата против Бруклин (35 поени, 15 асистенции, 12 скокови). По натпреварот тој разговараше со новинарите и беше јасно дека не е многу добро расположен.

 „Добро е, многу подобро од претходните денови. Полека оди, но од ден на ден се подобрува. Ми дадоа многу антибиотици и некои други работи, појма немам што е тоа, само пијам. Глава, нос, граден кош, грло. Моето тело се чувствуваше лошо“, зборувапе Јокиќ за неговата здравствен состојба.

Призна дека тоа имало влијание и на неговата игра во првото полувреме иако во тој дел постигна 20 поени.

„Се чувствував поуморен на теренот, беше многу подобро во второто полувреме. Во првото полувреме за малку ќе умрев на теренот“.

И тој и Расел Вестбрук забележаа трипл-дабл против Нетс и испишаа историја во НБА-лигата.

„Тоа е нашиот стил, убаво е што победуваме, тоа е многу поважно од статистиката. Навистина е посебен, нашиот однос, но и другите соиграчи кои одлично се движат, трчаат без топка, знаат дека топката ќе им дојде. “

ПретходноБарса тргна по фудбалерот на Јунајтед кој падна во немилост кај новиот менаџер
СледноЏонов: Лани игравме против гиганти како Франција и Германија, знаеме како е против врвни селекции