Даниел Аврамовски продолжува да ги тресе мрежите во турската втора лига за својот Болуспор. Попладнево, во меч од 19.коло, популарниот Цујо со два гола и тоа како учествуваше во триумфот на својот тим против Аданаспор.
Цујо стрелаше во 43.миниута за 2:0 и 73.минута за 3:1. Веќе во следната минута тој беше повлечен од игра, немаше ни потреба веќе македонскиот интернационалец да игра на овој меч.
Со овие два гола Даниел Аврамовски сега стигна до бројката од 9 голови што го прави трет стрелец во оваа лига.
Навистина Цујо блеска во дресот на Болуспор.