Бруно го помина Бекам на вечната листа на Манчестер Ј.

230

Бруно Фернандеш успеа да го надмине легендарниот фудбалер на Манчестер Ј., Дејвид Бекам по бројот на постигнати голови за „црвените ѓаволи“.

Португалскиот играч за врска во неделата го отвори резултатот на натпреварот од 3. коло на ФА Купот против Арсенал (1:1, 5:3 по пенали), постигнувајќи го 86. гол во кариерата за овој тим.

Така, Бруно се искачи на 21. место на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот, надминувајќи го Бекам, кој има 85 гола.

Ентони Марсијал е на 20. позиција со 90 гола, а рекордер на клубот од „Олд Трафорд“ е Вејн Руни со 253 гола.

ПретходноПрво изненадување на Австралија Опен, елиминација за Гркот Циципас
СледноСтавре Јада втор, Ана Цветановска трета на првиот ден од 61. Мавровски меморијал