Во натпревар со две различни полувремиња, ѕвездениот тим на ПСЖ славеше на домашен терен над Стразбур со 4:2 во меч од 2. коло на француската Лига 1.
Се уште без Меси, Рамос и Нејмар, тимот на Покетино имаше фуриозно прво полувреме во кое водеше со 3:0, и ужасен почеток на вториот дел во кој им дозволи на гостите со два гола да се вратат комплетно во игра.
ПСЖ поведе преку Икарди во 3. минута, а Мбапе во 25. веќе зголеми на 2:0. За 3:0 на полувреме се покрижи Дракслер.
Во вториот дел Стразбур возврати со головите на Гамеиро и Ахорке и се врати комплетно во игра. Но црвениот картон кој го добија во последните 10 минути, им ја олесни задачата на домашните, кои преку Сарабија ја потврдија победата.