Не за С. Арабија, веројатно не и за Наполи и Милан. Останува да се види каде навистина би можел да заврши оваа зима Маркус Рашфорд. Се шпекулира дека тоа би можела да биде Барселона, па и Тотенхем и тоа позајмица.
Сепак Манчестер Јунајтед преферира класичен трансфер ако се знае дека Рубен Аморим јавно се произнесе дека тој не смета во наредниот период на напаѓачот.
Секако дека ќе биде супер интересно каде еден од најдобрите напаѓачи во Англија, кој во последно време игра очајно, би можел да ја продолжи кариерата, па макар и како позајмен играч.
Инаку најново е тоа што, откако Јунајтед ја одби понудата на Наполи за Алехандро Гарначо, сега Барселона избива во преден план. Имено медиумите блиски од каталонскиот гигант сметаат дека нема да биде изненадување ако Аргентинецот на крајот заврши во Барса.