Олимписките медали фаќаат корозија, над сто спортисти ги вратија своите одличја

177

Да, и тоа се случува на највисоко можно ниво. Медалите доделени на последните Олимписки игри во Париз, во 2024 година ваќаат корозија, или народски кажано „рѓа“. Па затоа, освојувачите односно спортистите масовно ги враќаат кај организаторот барајќи замена.

Загриженоста за лошиот квалитет на медалите што организаторите ги доделуваа во Париз беше покрената за време на настанот, а американската скејтбордер Наја Хјустон стана славна откако ја откри шокантната состојба на бронзата што ја освои во француската престолнина.

Во извештајот на француското издание La Lettre се тврди дека бројот на спортисти кои ги вратиле медалите на организаторите во Париз надминал 100.

Изданието, исто така, објави дека раководството на компанијата што ги произведува медалите, Monnaie de Paris, било отпуштено поради ова прашање. 

ПретходноШкендија ќе има шест контроли, “генералката“ ќе биде против Динамо Киев! (ФОТО)
СледноОкафор поради повредата на мускулот не оди во РБ Лајпциг