Македонската Таеквондо федерација, вчера, на посебна свеченост ги врачи наградите за најуспешните во изминатата 2024 година. Наградата во сениорска конкуренција им припадна на Дејан Георгиевски и Милјана Рељиќ, додека за најдобар тренер беше прогласена Викторија Спасовска.
Македонското таеквондо од година в година има се подобри резултати и настапи, а олимписката 2024-та останува во знакот на настапот на Рељиќ на ЛОИ во Париз.
Листата на најдобри ги сочинуваат:
🎖️Најдобар клуб- ТК Бутел
🎖️Најдобар тренер- Викторија Спасовска
🎖️Најдобар сениор- Дејан Георгиевски(ТК Бутел)
🎖️Најдобра сениорка- Милијана Релиќ(ТК Тигри)
🎖️Најдобар јуниор- Филип Блажевски(ТК Бутел)
🎖️Најдобра јуниорка- Душица Бресалиева(ТК Штип)
🎖️Најдобар кадет- Теодор Стојановски(ТК Бутел)
🎖️Најдобра кадетка- Ведрана Тунески(ТК Бутел)