Постекоглу: Не е можно толку да губиме

148

Синоќа се одигра дербито на северен Лондон во кое тимот на Арсенал со 2:1, триумфираше над Тотенхем во меч во кој противникот имаше водство. Сепак, Арсенал успеа истото да го анулира и да стигне до трите бода. Тотенхем од друга страна упорно ја бара посакуваната форма во моментов, но никако да ја пронајде, а производ на тоа е само една победа во последните девет меча.

„Можевме да добиеме нешто од овој меч, но тоа сега е неважно, особено што не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Бевме премногу пасивни пред паузата и му дозволивме на Арсенал да го најде својот ритам. Се одржавме на натпреварот, а второто полувреме беше подобро, но недоволно“, призна Постекоглу па продолжи

„На паузата ни требаше промена. Добро е што се врати Ришарлисон. Тој пропушти голем дел од сезоната. Не сакам да коментирам за судењето. Мојата работа е да го подготвам тимот, а денес тоа не го направивме како што треба“, беше искрен Постекоглу.

„Не е нормално да има толку многу загуби. Тоа е неприфатливо. Арчи Греј и Лукас Бергвал одиграа добро, но тешко е да се зборува за позитива после ваква игра. Се надевам дека и тие се разочарани“, изјави тренерот на Тотенхем.

ПретходноИпсвич доведе репрезентативец на Англија за 22 милиона фунти
СледноИнзаги: Уморни сме но нема повлекување ниту оправдување